Thursday, January 30, 2014

Hot chocolate for two...


Ех, помина малку подолго време од мојот последен пост...собирав идеи и инспирација и убави моменти и многу многу романтика. И снег и прошетки и дожд и тишина....само чекори и љубов во воздухот. Рака во рака, топла дланка и срце полно љубов!
И во моментот кога се препушташ на мирот, дозволуваш тишината да завладее и срцето да дивее, очите да искрат и да зборуваат, ситните капки дожд кои удираат по црвените студени образи се претвораат во снегулки. И вее, вее се посилно. Се шири насмевка на лицето. Гледам кон небото и замислувам желба..онака, без некоја причина..и од каде сега таа желба се појави? И вее, се посилно и чекориме и се е бело пред нас! Се формира белата покривка и онака недејно, ете го, тука е! Снегот кој толку го посакувавме, довикувавме..ахх радости!!
И времето минува, чекорите ја покриваат земјата, ја одминуваат далечината и сега веќе не сме сами...од секаде луѓе, деца кои на снегот се радуваат, уште многу многу вљубени двојки кои чекорат полека и се восхитуваат. И се бакнуваат и се држат за раце и се е толку убаво и бело и безгрижно! И посакуваш да трае, да трчаш, да се смееш гласно, да го запаметиш секој миг, да украдеш уште некој бакнеж и да уживаш во оваа ноќ!

И кога ноќта длабоко ќе се спушти, ќе ја фрли својата темнина...но сепак насекаде е светло од белата покривка на долгоочекуваниот снег, се сместуваш удобно во топлината на соба полна љубов. Седнуваш близу прозорецот и продолжуваш да сонуваш, да мечтаеш, да посакуваш. И миризбата на вкусно топло чоколадо ти ја доловува топлината која во тебе тлее. И сонуваш, се препушташ и посакуваш да трае..




До следниот пост...останете вљубени и романтични :)

Ве бакнувам,
Марија



Sunday, January 19, 2014

Hopeless Romantic...


Guilty as charged!! Мили мои, овој пост излезе многу непланирано, ненадејно и без никаква претходна белешка во мојот планер :) но како што и подолу ќе ви споменам...сите непланирани нешта се многу поубави...и не знам уште колку пати ќе треба да се потсетиме дека треба да живееме во моментот и за моментот!!

И јас таква каква што сум, една безнадежно романтична душа, со големо срце кое мислам некогаш ќе испука по своите рабови, како некоја плишана играчка во рацете на детска невина рака, секогаш кога ќе си одделам време за самата себе - уживам во некој романтичен филм! Па да, ако е за себе - нека биде во целиот свој сјај! И ќе си пронајдам некој филм, ќе ископам некоја стара романтична приказна...или по стоти пат ќе изгледам некој од моите No.1 girly-time movies и ќе се препуштам на емоциите....
Овој пат решив да подарам шанса на некој понов филм и да проверам дали нешто е променето....но се си останува исто...јас сум сеуште истата која се соживува со приказната, која ги обожува ликовите, ја слави љубовта и верува во среќен крај! И на мојот плеер се најде филмот About Time.


И доколку сакате повторно да се вљубите во Рејчел Мек Адамс, доколку сакате да запловите во некој момент од минатото, да се препуштите на спомените...да им дозволите на чувствата да ве обземат и солзите да потечат :) искрено ви го препорачувам. Можеби сме навикнати на сите љубовни филмови со слична содржина и среќен крај....но овој пат дозволете си да извлечете поука...за животот, за моментот, за чувствата и за шансите кои еднаш се живеат, се користат или се губат засекогаш....

До следниот пост, ве оставам да го изгледате овој прекрасен филм...и да започнете да живеете во моментот!!!

Бакнежи,
Марија

Friday, January 17, 2014

Oh my... magazines ;)





















Lifestyle или како, каде, што...само на мој начин. И еве овој пост ќе биде мојата инспирација, она што мене ме буди, ми дава идеи без разлика дали се работи за ентериер, за нова книга, филм...мода или можеби некоја нова дестинација....и листам, прелистувам...барам асоцијација...и секогаш нешто ново ќе излезе и ќе ме инспирира и ќе ми даде идеја....или ќе ме поттикне да размислувам...нешто ново да прочепкам, да научам.

Верувам сите сте се пронашле како некој текст го препрочитувате по кој знае кој пат...и вие самите не знаете зошто...и вие самите не знаете што е тоа што толку ви се допаѓа...и секогаш на нов начин! Верувам сите сте се воодушевиле од некој нов факт, некое ново сознание...сте добиле нова идеја или сте биле воодушевени од некој предлог за егзотична дестинација, романтична атмосфера или место за релаксирање.

Јас мили мои, како еден вљубеник во списанијата :) (признавам сега електронската верзија ја посетувам почесто а печатените изданија се сведоа само на некои мои нај нај) сакам да ги споделам со вас моите извори на инспирација, чекорејќи од модни списанија, списанија за ентериер па се до списанија кои се посветени на животот и здравјето.

Неодамна откриено, по препорака од моја драга личност, а кога е таа во прашање...знам дека мора да биде прекрасно и поучно и полно со егзотика и мудрост...Vodic za zivot..доколку не сте запознаени, српско списание, месечник кој секој месец покрива тема, ја обработува низ своите бројни страници и нуди прекрасна содржина за духот, телото и душата...Од предлози за патување, книги, музика, места за прекрасен ручек...рецепти и многу историја, историја и знаење...



Од нашиот сосед го обожавам и ELLE. Неговата содржина е многу поразлична од сите модни списанија и можам слободно да кажам доследна за името кое го носи. Можеби сум пристрасна бидејќи уредничката е на листата блогерки кои ги обожавам...но сепак ги обожавам и текстовите.

И нормално, моето омилено а дури и бесплатно македонско списание, COSMO магазин!!! Го читам од првиот број и сум изненадена од содржината, текстовите и информациите кои ги нудат!! Со сигурност можам да кажам дека квалитетот не е намален ниту за нијанса, напротив со секој број се се подобри!! Обработуваат прекрасни теми, модата е секогаш нивна идеја водилка, меѓутоа движејќи се низ страниците, добивам информации за здравјето, здравата исхрана, нега на кожата и телото...нега и грижа за најмалите, безбедно движење низ бременоста и многу многу совети за читање, музика, духовна храна и егзотични патувања! Можам само да ги пофалам и да кажам дека со нетрпение го очекувам секој нов број!



Ова е дел од оние кои едноставно обожувам да ги читам и би сакала да знам кои се вашите омилени списанија?

Ииии огромно благодарам за мојата мила Ивана, за прекрасните фотографии!!! Следете го нејзиниот блог за да се воодушевите од нејзиниот талент и како убавите нешта ги прави да изгледаат уште поубави!

До следниот пост...Бакнежи,
Марија

Saturday, January 11, 2014

Take Your Time...to Enjoy


Мили мои,

Во овој не толку топол ден ( бидејќи температурите почнаа да паѓаат ;) ) решив малку да ве расположам со некои идеи за поубава вечер/ден/викенд и без разлика дали ќе останете во вашиот топол дом и мрзеливо ќе ја гледате природата под магла преку прозорец или можеби храбро и убаво затоплени ќе тргнете на некоја прошетка.
И како јас моментално се наоѓам во таа доба кога "никаде не е поубаво од дома", и кога мојата мала соба има толку љубов и нежност и топлина да ми даде па не ми дозволува да ја напуштам така добивам инспирација за мало излежување и уживање.

Првин....изгледајте некој филм! Да, можеби ова е првото нешто што го правиме кога ќе останеме дома...но изберете некој филм кој ве прави среќни....можеби празничното расположение уште ве држи, па што велите за некој Божиќен филм?


Или...некоја серија? И како мал одмор помеѓу моите омилени Lie to Me, Suits и други со слична тензична содржина....едноставно уживам во релаксирачки епизоди на една серија која неодамна ја открив. Се работи за The Client List. Малку лежерна серија, која не ти го измачува мозокот но те опушта...исто како што Jennifer Love Hewitt го прави тоа со своите клиенти во еден салон за масажа...кој всушност крие една тајна...дали ве заинтригирав? :)

Наредното нешто е слушањето музика....и една чаша вино..или можеби две? :)
И кога јас сум во такво романтично расположение..освен play листа...обожавам и едно on line радио...Cafe de Paris...не знам дали го имате слушнато...но сигурна сум дека тие звуци, тие ноти, тоа романтично катче, ќе биде вашето омилено за секоја наредна "нежна" прилика.

А доколку се одлучивте за излегување.....нека биде едно убаво попладневно кафе..или топло чоколадо...или вкусно капучино..на некое ново место, но со личноста која ве смее, личноста од која не можете да дојдете до збор и личноста која ве остава во добро расположение дооолго време по вашата средба...



И нека бидат ова некои не толку непознати идеи и предлози за убаво поминато време, а со ваши идеи и предлози ве очекувам, до следниот пост...

Бакнежи,
Марија

Thursday, January 9, 2014

His majesty: Positive thinking


Стреми се кон ѕвездите - преку врвот!

Една мантра за секој ден, една позитивна мисла, верба која влева сигурност дека се оди во нагорна линија...дека најубавото допвра доаѓа.
Бидејќи мојата пасија за читање книги ме тера да истражувам и да се пронаоѓам во различни жанрови, не ретко во раце ми паѓаат и бестселери кои ве вивнуваат до ѕвездите и ви покажуваат дека се се може доколку се сака...и еден универзум работи за нас...се што треба е силно да сакаме.

Лично јас секогаш сум под импресија на скоро прочитана книга, ја доживувам како реалност, размислувам, вадам забелешки, навлегувам длабински и ја барам сржта...и таквата еуфорија ми дава поттик да верувам дека навистина се ни е на дофатот на рацете, дека позитивните работи се случуваат ако само позитивно размислуваш и љубов добиваш кога љубов даваш.

Овој пост го посветив на тие книги, бидејќи баш последната што ја прочитав е всушност книгичка со толку малку пишан збор а толку длабоко допира до секого.
"Што и да мислиш, мисли го спротивното" од Пол Арден. Беше еден од моите подароци за Нова година и можеби е книга што се чита во еден здив...но секако треба да се задржи здивот и да се размисли за пораките кои ги носи.


Која е вашата книга која ве полни со позитивна енергија?

Бакнежи,
Марија



Wednesday, January 8, 2014

Нека започне патувањето...

Мили мои,

Долга беше битката која во себе ја водев..многу премислувања, идеи, желби..многу замисли и..што можеш денес, остави за утре :)
И додека собереш храброст, нешто друго на патот излегува, додека реализираш идеи...некој веќе започнал...и како денес се се движи со молскавична брзина сите новини се веќе стари за многу краток период.

Но собрав храброст...идеи и инспирација црпам и еве започнувам и давам чесен блогерски збор дека вредно ќе работам и теми со препораки ќе ви нудам...а вие мили мои, ќе ме поддржите и со ваша помош и идеи ќе пловиме заедно.

И како вовед прилично долго ве задржав...па ве очекувам да ме следите :)

Бакнежи,
Марија