Thursday, January 30, 2014

Hot chocolate for two...


Ех, помина малку подолго време од мојот последен пост...собирав идеи и инспирација и убави моменти и многу многу романтика. И снег и прошетки и дожд и тишина....само чекори и љубов во воздухот. Рака во рака, топла дланка и срце полно љубов!
И во моментот кога се препушташ на мирот, дозволуваш тишината да завладее и срцето да дивее, очите да искрат и да зборуваат, ситните капки дожд кои удираат по црвените студени образи се претвораат во снегулки. И вее, вее се посилно. Се шири насмевка на лицето. Гледам кон небото и замислувам желба..онака, без некоја причина..и од каде сега таа желба се појави? И вее, се посилно и чекориме и се е бело пред нас! Се формира белата покривка и онака недејно, ете го, тука е! Снегот кој толку го посакувавме, довикувавме..ахх радости!!
И времето минува, чекорите ја покриваат земјата, ја одминуваат далечината и сега веќе не сме сами...од секаде луѓе, деца кои на снегот се радуваат, уште многу многу вљубени двојки кои чекорат полека и се восхитуваат. И се бакнуваат и се држат за раце и се е толку убаво и бело и безгрижно! И посакуваш да трае, да трчаш, да се смееш гласно, да го запаметиш секој миг, да украдеш уште некој бакнеж и да уживаш во оваа ноќ!

И кога ноќта длабоко ќе се спушти, ќе ја фрли својата темнина...но сепак насекаде е светло од белата покривка на долгоочекуваниот снег, се сместуваш удобно во топлината на соба полна љубов. Седнуваш близу прозорецот и продолжуваш да сонуваш, да мечтаеш, да посакуваш. И миризбата на вкусно топло чоколадо ти ја доловува топлината која во тебе тлее. И сонуваш, се препушташ и посакуваш да трае..




До следниот пост...останете вљубени и романтични :)

Ве бакнувам,
Марија



No comments:

Post a Comment