Friday, January 17, 2014

Oh my... magazines ;)





















Lifestyle или како, каде, што...само на мој начин. И еве овој пост ќе биде мојата инспирација, она што мене ме буди, ми дава идеи без разлика дали се работи за ентериер, за нова книга, филм...мода или можеби некоја нова дестинација....и листам, прелистувам...барам асоцијација...и секогаш нешто ново ќе излезе и ќе ме инспирира и ќе ми даде идеја....или ќе ме поттикне да размислувам...нешто ново да прочепкам, да научам.

Верувам сите сте се пронашле како некој текст го препрочитувате по кој знае кој пат...и вие самите не знаете зошто...и вие самите не знаете што е тоа што толку ви се допаѓа...и секогаш на нов начин! Верувам сите сте се воодушевиле од некој нов факт, некое ново сознание...сте добиле нова идеја или сте биле воодушевени од некој предлог за егзотична дестинација, романтична атмосфера или место за релаксирање.

Јас мили мои, како еден вљубеник во списанијата :) (признавам сега електронската верзија ја посетувам почесто а печатените изданија се сведоа само на некои мои нај нај) сакам да ги споделам со вас моите извори на инспирација, чекорејќи од модни списанија, списанија за ентериер па се до списанија кои се посветени на животот и здравјето.

Неодамна откриено, по препорака од моја драга личност, а кога е таа во прашање...знам дека мора да биде прекрасно и поучно и полно со егзотика и мудрост...Vodic za zivot..доколку не сте запознаени, српско списание, месечник кој секој месец покрива тема, ја обработува низ своите бројни страници и нуди прекрасна содржина за духот, телото и душата...Од предлози за патување, книги, музика, места за прекрасен ручек...рецепти и многу историја, историја и знаење...



Од нашиот сосед го обожавам и ELLE. Неговата содржина е многу поразлична од сите модни списанија и можам слободно да кажам доследна за името кое го носи. Можеби сум пристрасна бидејќи уредничката е на листата блогерки кои ги обожавам...но сепак ги обожавам и текстовите.

И нормално, моето омилено а дури и бесплатно македонско списание, COSMO магазин!!! Го читам од првиот број и сум изненадена од содржината, текстовите и информациите кои ги нудат!! Со сигурност можам да кажам дека квалитетот не е намален ниту за нијанса, напротив со секој број се се подобри!! Обработуваат прекрасни теми, модата е секогаш нивна идеја водилка, меѓутоа движејќи се низ страниците, добивам информации за здравјето, здравата исхрана, нега на кожата и телото...нега и грижа за најмалите, безбедно движење низ бременоста и многу многу совети за читање, музика, духовна храна и егзотични патувања! Можам само да ги пофалам и да кажам дека со нетрпение го очекувам секој нов број!



Ова е дел од оние кои едноставно обожувам да ги читам и би сакала да знам кои се вашите омилени списанија?

Ииии огромно благодарам за мојата мила Ивана, за прекрасните фотографии!!! Следете го нејзиниот блог за да се воодушевите од нејзиниот талент и како убавите нешта ги прави да изгледаат уште поубави!

До следниот пост...Бакнежи,
Марија

2 comments:

  1. Сликите немаат големо значење ако зад нив не постои некаква приказна. Одличен, инспиративен пост! :*

    ReplyDelete
    Replies
    1. Ти благодарам мила моја!! :*

      Delete