Saturday, January 11, 2014

Take Your Time...to Enjoy


Мили мои,

Во овој не толку топол ден ( бидејќи температурите почнаа да паѓаат ;) ) решив малку да ве расположам со некои идеи за поубава вечер/ден/викенд и без разлика дали ќе останете во вашиот топол дом и мрзеливо ќе ја гледате природата под магла преку прозорец или можеби храбро и убаво затоплени ќе тргнете на некоја прошетка.
И како јас моментално се наоѓам во таа доба кога "никаде не е поубаво од дома", и кога мојата мала соба има толку љубов и нежност и топлина да ми даде па не ми дозволува да ја напуштам така добивам инспирација за мало излежување и уживање.

Првин....изгледајте некој филм! Да, можеби ова е првото нешто што го правиме кога ќе останеме дома...но изберете некој филм кој ве прави среќни....можеби празничното расположение уште ве држи, па што велите за некој Божиќен филм?


Или...некоја серија? И како мал одмор помеѓу моите омилени Lie to Me, Suits и други со слична тензична содржина....едноставно уживам во релаксирачки епизоди на една серија која неодамна ја открив. Се работи за The Client List. Малку лежерна серија, која не ти го измачува мозокот но те опушта...исто како што Jennifer Love Hewitt го прави тоа со своите клиенти во еден салон за масажа...кој всушност крие една тајна...дали ве заинтригирав? :)

Наредното нешто е слушањето музика....и една чаша вино..или можеби две? :)
И кога јас сум во такво романтично расположение..освен play листа...обожавам и едно on line радио...Cafe de Paris...не знам дали го имате слушнато...но сигурна сум дека тие звуци, тие ноти, тоа романтично катче, ќе биде вашето омилено за секоја наредна "нежна" прилика.

А доколку се одлучивте за излегување.....нека биде едно убаво попладневно кафе..или топло чоколадо...или вкусно капучино..на некое ново место, но со личноста која ве смее, личноста од која не можете да дојдете до збор и личноста која ве остава во добро расположение дооолго време по вашата средба...



И нека бидат ова некои не толку непознати идеи и предлози за убаво поминато време, а со ваши идеи и предлози ве очекувам, до следниот пост...

Бакнежи,
Марија

No comments:

Post a Comment