Wednesday, February 19, 2014

Go!! Do some exercise! :)


Мили мои, поминаа неколку денови без нов напишан пост. И додека собирам инспирација на ова прекрасно време, уживајќи во оваа пролет во фебруари :) добивам идеја да ви доловам уште една моја голема љубов а која верувам ќе биде од корист и за вас.

Здравата исхрана е нешто за што постојано слушаме, читаме и си ветуваме секој ден, дека од утре започнува нова епизода, од утре ќе водиме поголема грижа за нашето здравје, поредовна исхрана, поредовен сон, поголема нега и секако повеќе спорт.

А јас, бидејќи многу одамна сум си ги поставувала тие цели, можеби како новогодишна одлука или пак одлука за поголема активност на некој летен или зимски распуст :) ...тоа некако поминало во навика и начин на живеење. И сега можам да кажам дека е мое секојдневие, ритуал и редовна активност.
И следејќи го тој здрав начин на исхрана, спортувањето е составен дел уште многу одамна.

Верувам дека сите имате некоја омилена спортска активност, а јас бидејќи сакав да бидам активна во скоро се :) полека созревав и избирав, мислев и се пронаоѓав...и денес можам да кажам дека фитнесот е она што го избрав како повеќегодишна активност.
Поминувајќи преку аеробик, стомачни танци, пилатес и јога...завршив во фазата на боди билдингот. 
Никогаш не верував дека ќе сакам да работам сама, без инструктор и со тежина. Ми беше потребна работа во група, синхронизирано вежбање и повисоки цели за достигнување. И еден ден се најдов пред толку многу справи и тегови, се обидов и сфатив дека тоа е она вистинското. 
Таму го пронајдов вистинскиот начин да го потрошам оној вишок на енергија и ја пронајдов можноста за надоградување и воочување резултати. И бидејќи секогаш испробувам нешто ново, интересно...нешто комбинирам, додавам или одземам, на мојата листа физички активности го додавам и трчањето како еден вид сезонска активност. Доаѓа еден период во годината кога не можам да функционирам во затворено, па мојата желба за физичка активност ја задоволувам со неколку истрчани кругови.
Се надевам дека и вие имате ваш спорт, начин на трошење енергија и оддржување во одлична форма...а доколку сакате да ѕирнете во дел од моите омилени активности, ви оставам линкови од Fitnes Feniks, местото каде јас правам мускули :))) како и некои вежби кои ги практикувам во домашни услови. :)
А доколку сакате убаво истегнување, можете на овој линк на Youtube да пронајдете супер идеи.

До следниот пост, споделете ми ги вашите искуства и останете фит :)

Бакнежи,
Марија

Sunday, February 9, 2014

Celebrating Love...everyday, everywhere


За љубовта...прочитавме многу книги, статии...поезија и стих. За љубовта научивме многу историја, поврзавме минато и иднина...запловивме и потонавме во мислите, се препуштавме на чувствата. Ја оживеавме секоја нота, го преживуваме секој љубовен текст, се пронаоѓаме во секој збор, секој стих...и се на некого не потсетува, раѓа спомени, ги буди треперењата во нас. И за неа живееме, неа ја славиме, по неа копнееме...солзи лееме, радосници.. Не љубовта не е чувство...можеби е состојба? Целосно предавања, доживување. Состојба на немир, треперење, копнеење, исчекување и предавање.

И ја славиме, секој ден, без резерва, без размислување. И ја подаруваме, се даруваме себе си, со целиот свој сјај и целата личност. Со целата убавина, сите доблести и мани...
И тогаш сме најубавите, најсреќните...тогаш Месечината сјае исто колку Сонцето...и губиме чувство за простор и време..живееме во моментот, бидејќи утре, тоа е она што ќе остане..и ќе го повикуваме да не потсети, да го оживееме и да потонеме одново и одново во тој момент, тоа место, тој мирис...и сите сетила се на наша страна и тука е..сега и засекогаш.

...И додека во позадина наизменично ги слушам љубовните звуци од Lana Del Ray и John Legend, го пишувам овој пост во чест на Љубовта... И ми доаѓа идеја за предлог места каде за сечиј вкус може да се прослави, да се оживее, да се потоне и одново воскресне....а таа ќе остане!
Ги затворам очите и враќам мигови од места во градов каде сум поминала прекрасно, за различна прилика...а таа, љубовта, секогаш била присутна, во мене, во воздухот, во луѓето наоколу.

Романтична вечера? Нема проблем...прекрасен ресторан PRADO, прекрасна храна...топли бои, ентериер во кој ќе се вљубите...и доколку сте деталист како мене...ќе го истражувате со поглед секое ќоше, секоја маса..која на свој посебен начин раскажува единствена приказна, сведочи за романтика и љубов...секој извор на светлина кој е поразличен од претходниот...топлина која зрачи од секој агол...и прекрасна храна..бидејќи нели љубовта доаѓа преку храната?

Доколку пак сакате убава атмосфера, каде боите се прекрасно ускладени но каде малку поурбана музика допира до вашите уши, каде формалноста не е толку во прв план а сепак можете да се исклучите и да си дозволите приватни, интимни и единствени мигови..Мистер Џорџ е местото за вас.

А доколку некој ден едноставно сакате целата романтична атмосфера да ја пренесете во топлината на вашиот дом...тогаш прекрасно вино... храна по вкус...музика за опуштање, прекрасен поглед преку прозорец, пригушено светло...и љубовта е тука...тука и ќе остане.

И не само тогаш, не само во тие мигови, на тие начини...Таа се слави секој ден, се љуби секој миг, се ужива секој момент и се љуби безрезервно.


P.S. И доколку го прославувате Св. Валентин..малку креативни идеи за подарок од Fashionel.



На здравје Љубов!
Бакнежи,
Марија

Thursday, February 6, 2014

It's a Movie to See


Welcome to America!! Да, долго го чекав овој филм и според trailer-от што го гледав оекував супер филм, динамичен, возбудлив и неизвесен!! Се чудев малку на таа не толку одлична оценка и чекав саматa да пресудам. И што можам да кажам? 
Доколку сакате филм со супер екипа, не толку непозната тематика, по малку предвидлив но сепак доста интересен, ви препорачувам да го погледате The Counselor (2013)

Знаеме дека секогаш некој во пазадина ги влече конците и дека никогаш не е така како што изгледа..но можеби овде ќе се изненадите кој всушност е "главниот". Споменав дека е малку предвидлив..а всушност, како поинаку да се одвиваат работите во Светот на дрогата? Но можеби нема да погодите колкава е моќта на жената и како се работи во позадина. 

И додека се соочуваш со проблеми со парите, се појавува пријател кој нуди бизнис да те извлече... реален, ти ги кажува предностите и маните...но и те уверува дека доколку веќе помислувaш на тој бизнис, воопшто не си тој за кој се се претставуваш..
И кога алчноста ќе те повлече...проблемот е што и кого се ќе повлечеш со себе?
Гладајќи го филмот, секогаш наоѓаш ликови на кои им се воодушевуваш, но и ликови за кои не можеш да заземеш став. 
Почитуван адвокат, влегува во бизнис со дрогата. Од една страна себично ја чува љубовта но од друга страна се бори со чувството за моќ и стабилност.
Преминот од романтични мигови до забави, убиства и валкан бизнис е исто толку динамичен колку и самото дејство на филмот кое се одвива помеѓу Америка, Мексико и Европа.

И доколку сакате да ја занемарите оценката и да погледате не толку воодушевувачки филм, но сепак филм кој нуди доста позната тема на еден поинаков начин, ви препорачувам да одвоите од своето време и да уживате во овој реален Свет.

Бакнежи,
Марија

Monday, February 3, 2014

NEW IN... FOR LIFE :)



И така некако, сите ние си имаме свој белег, препознатлив знак... Нешто по што не паметат, не препознаваат. Нешто за што зборуваат, било да се восхитуваат или осудуваат. И сите ние сме исти, а сепак различни. Милијарда луѓе, уште толку карактери... толку многу разлики а сепак сме едно. И дали некогаш сте се запрашале зошто се трудиме да бидеме поразлични од другите, да се издвојуваме од масата, да бидеме единка која ќе исплива на површината и ќе се бори за свое место под Сонцево? И дали сме свесни колку начини на издвојување постојат?

Мислев, размислував, истражував... што е тоа длабоко во секој човек што го поттикнува да се издвои, да се претстави на најдобар можен начин...да заблеска со сиот свој сјај и да остави трага... Но дојдов до заклучоци дека секој на различен начин ја постигнува целта...
Тетоважите...дали тие се еден вид на изразување? Во кој  момент знаеш дека е вистинското време и дека таа е вистинската слика која ќе те краси засекогаш?
Денешен тренд..кај нас сеуште не премногу застапен, но доволен за да поттикне размислување и тема на разговор.

И додека многумина се предомислуваат, собираат храброст, идеи..вистинска вредност и слика...други непромислено редат на себе датуми..букви, бројки, слики...
И малку по малку ви откривам за себе дека сум горд сопственик на две многу драги тетоважи, од голема важност, кои ме опишуваат мене, карактерот, емоциите и мојот "сонувачки" дух.
И со стремеж кон ѕвездите, романтична душа на која премногу и е потребна втората половина за се да биде совршено...тврдоглава, единствена.
Некои ги сметаат за бунтување, јавно покажување...трендовско "сликање" по телото...а јас убавината ја гледам во она што не се гледа...во она нежното, дискретното...она што си ти и премногу ти значи..она што ќе сакаш секогаш да го имаш со себе и никогаш да не се предомислиш...она што ќе те води и ќе те потсетува на твоите соништа, ќе те потсетува на личноста што си и нема да ти дозволи да се изгубиш себе си...
И ако е бунт...за што се бунтувам? :) Мили мои, денешната технологија напредува толку бргу што веќе и самите тетоважи не се трајни...но доколку вистински ја сакаш, во ниту еден момент нема да помислуваш на отстранување.
Пред некое време гледав прекрасна емисија, МРТ 1, нашата секогаш инспиративна Живкица...емисијата ТУНЕЛ и темата, претпоставувате...Тетовирање... Толку корисни работи и совети од стручни лица. Медицинска грижа, професионален тим, артисти вредни за почит!
И во ниту еден момент не се покајав...и како минуваат годините соништата се движат во нагорна линија, кон ѕвездите..јас останувам приземна и полека но сигурно ги ловам...бидејќи јарецот само така знае :)

Кое е вашето мислење за тетоважите, дали сме запознаени доволно со сите последици...дали се води сметка за хигиената и дали сме свесни колку ризикуваме при изборот на лицето на кое ќе му го посветиме нашето тело за да ни го "украси"?

До следниот пост, ви оставам линк од личноста која знае да си ја работи својата работа :) Koi Fish Studio, и од емисијата која покрива прекрасни теми кои верувам дека ќе ви го привлечат вниманието, Tunel Emisija.



Бакнежи,
Марија