Sunday, February 9, 2014

Celebrating Love...everyday, everywhere


За љубовта...прочитавме многу книги, статии...поезија и стих. За љубовта научивме многу историја, поврзавме минато и иднина...запловивме и потонавме во мислите, се препуштавме на чувствата. Ја оживеавме секоја нота, го преживуваме секој љубовен текст, се пронаоѓаме во секој збор, секој стих...и се на некого не потсетува, раѓа спомени, ги буди треперењата во нас. И за неа живееме, неа ја славиме, по неа копнееме...солзи лееме, радосници.. Не љубовта не е чувство...можеби е состојба? Целосно предавања, доживување. Состојба на немир, треперење, копнеење, исчекување и предавање.

И ја славиме, секој ден, без резерва, без размислување. И ја подаруваме, се даруваме себе си, со целиот свој сјај и целата личност. Со целата убавина, сите доблести и мани...
И тогаш сме најубавите, најсреќните...тогаш Месечината сјае исто колку Сонцето...и губиме чувство за простор и време..живееме во моментот, бидејќи утре, тоа е она што ќе остане..и ќе го повикуваме да не потсети, да го оживееме и да потонеме одново и одново во тој момент, тоа место, тој мирис...и сите сетила се на наша страна и тука е..сега и засекогаш.

...И додека во позадина наизменично ги слушам љубовните звуци од Lana Del Ray и John Legend, го пишувам овој пост во чест на Љубовта... И ми доаѓа идеја за предлог места каде за сечиј вкус може да се прослави, да се оживее, да се потоне и одново воскресне....а таа ќе остане!
Ги затворам очите и враќам мигови од места во градов каде сум поминала прекрасно, за различна прилика...а таа, љубовта, секогаш била присутна, во мене, во воздухот, во луѓето наоколу.

Романтична вечера? Нема проблем...прекрасен ресторан PRADO, прекрасна храна...топли бои, ентериер во кој ќе се вљубите...и доколку сте деталист како мене...ќе го истражувате со поглед секое ќоше, секоја маса..која на свој посебен начин раскажува единствена приказна, сведочи за романтика и љубов...секој извор на светлина кој е поразличен од претходниот...топлина која зрачи од секој агол...и прекрасна храна..бидејќи нели љубовта доаѓа преку храната?

Доколку пак сакате убава атмосфера, каде боите се прекрасно ускладени но каде малку поурбана музика допира до вашите уши, каде формалноста не е толку во прв план а сепак можете да се исклучите и да си дозволите приватни, интимни и единствени мигови..Мистер Џорџ е местото за вас.

А доколку некој ден едноставно сакате целата романтична атмосфера да ја пренесете во топлината на вашиот дом...тогаш прекрасно вино... храна по вкус...музика за опуштање, прекрасен поглед преку прозорец, пригушено светло...и љубовта е тука...тука и ќе остане.

И не само тогаш, не само во тие мигови, на тие начини...Таа се слави секој ден, се љуби секој миг, се ужива секој момент и се љуби безрезервно.


P.S. И доколку го прославувате Св. Валентин..малку креативни идеи за подарок од Fashionel.



На здравје Љубов!
Бакнежи,
Марија

2 comments: