Wednesday, February 19, 2014

Go!! Do some exercise! :)


Мили мои, поминаа неколку денови без нов напишан пост. И додека собирам инспирација на ова прекрасно време, уживајќи во оваа пролет во фебруари :) добивам идеја да ви доловам уште една моја голема љубов а која верувам ќе биде од корист и за вас.

Здравата исхрана е нешто за што постојано слушаме, читаме и си ветуваме секој ден, дека од утре започнува нова епизода, од утре ќе водиме поголема грижа за нашето здравје, поредовна исхрана, поредовен сон, поголема нега и секако повеќе спорт.

А јас, бидејќи многу одамна сум си ги поставувала тие цели, можеби како новогодишна одлука или пак одлука за поголема активност на некој летен или зимски распуст :) ...тоа некако поминало во навика и начин на живеење. И сега можам да кажам дека е мое секојдневие, ритуал и редовна активност.
И следејќи го тој здрав начин на исхрана, спортувањето е составен дел уште многу одамна.

Верувам дека сите имате некоја омилена спортска активност, а јас бидејќи сакав да бидам активна во скоро се :) полека созревав и избирав, мислев и се пронаоѓав...и денес можам да кажам дека фитнесот е она што го избрав како повеќегодишна активност.
Поминувајќи преку аеробик, стомачни танци, пилатес и јога...завршив во фазата на боди билдингот. 
Никогаш не верував дека ќе сакам да работам сама, без инструктор и со тежина. Ми беше потребна работа во група, синхронизирано вежбање и повисоки цели за достигнување. И еден ден се најдов пред толку многу справи и тегови, се обидов и сфатив дека тоа е она вистинското. 
Таму го пронајдов вистинскиот начин да го потрошам оној вишок на енергија и ја пронајдов можноста за надоградување и воочување резултати. И бидејќи секогаш испробувам нешто ново, интересно...нешто комбинирам, додавам или одземам, на мојата листа физички активности го додавам и трчањето како еден вид сезонска активност. Доаѓа еден период во годината кога не можам да функционирам во затворено, па мојата желба за физичка активност ја задоволувам со неколку истрчани кругови.
Се надевам дека и вие имате ваш спорт, начин на трошење енергија и оддржување во одлична форма...а доколку сакате да ѕирнете во дел од моите омилени активности, ви оставам линкови од Fitnes Feniks, местото каде јас правам мускули :))) како и некои вежби кои ги практикувам во домашни услови. :)
А доколку сакате убаво истегнување, можете на овој линк на Youtube да пронајдете супер идеи.

До следниот пост, споделете ми ги вашите искуства и останете фит :)

Бакнежи,
Марија

No comments:

Post a Comment