Monday, February 3, 2014

NEW IN... FOR LIFE :)



И така некако, сите ние си имаме свој белег, препознатлив знак... Нешто по што не паметат, не препознаваат. Нешто за што зборуваат, било да се восхитуваат или осудуваат. И сите ние сме исти, а сепак различни. Милијарда луѓе, уште толку карактери... толку многу разлики а сепак сме едно. И дали некогаш сте се запрашале зошто се трудиме да бидеме поразлични од другите, да се издвојуваме од масата, да бидеме единка која ќе исплива на површината и ќе се бори за свое место под Сонцево? И дали сме свесни колку начини на издвојување постојат?

Мислев, размислував, истражував... што е тоа длабоко во секој човек што го поттикнува да се издвои, да се претстави на најдобар можен начин...да заблеска со сиот свој сјај и да остави трага... Но дојдов до заклучоци дека секој на различен начин ја постигнува целта...
Тетоважите...дали тие се еден вид на изразување? Во кој  момент знаеш дека е вистинското време и дека таа е вистинската слика која ќе те краси засекогаш?
Денешен тренд..кај нас сеуште не премногу застапен, но доволен за да поттикне размислување и тема на разговор.

И додека многумина се предомислуваат, собираат храброст, идеи..вистинска вредност и слика...други непромислено редат на себе датуми..букви, бројки, слики...
И малку по малку ви откривам за себе дека сум горд сопственик на две многу драги тетоважи, од голема важност, кои ме опишуваат мене, карактерот, емоциите и мојот "сонувачки" дух.
И со стремеж кон ѕвездите, романтична душа на која премногу и е потребна втората половина за се да биде совршено...тврдоглава, единствена.
Некои ги сметаат за бунтување, јавно покажување...трендовско "сликање" по телото...а јас убавината ја гледам во она што не се гледа...во она нежното, дискретното...она што си ти и премногу ти значи..она што ќе сакаш секогаш да го имаш со себе и никогаш да не се предомислиш...она што ќе те води и ќе те потсетува на твоите соништа, ќе те потсетува на личноста што си и нема да ти дозволи да се изгубиш себе си...
И ако е бунт...за што се бунтувам? :) Мили мои, денешната технологија напредува толку бргу што веќе и самите тетоважи не се трајни...но доколку вистински ја сакаш, во ниту еден момент нема да помислуваш на отстранување.
Пред некое време гледав прекрасна емисија, МРТ 1, нашата секогаш инспиративна Живкица...емисијата ТУНЕЛ и темата, претпоставувате...Тетовирање... Толку корисни работи и совети од стручни лица. Медицинска грижа, професионален тим, артисти вредни за почит!
И во ниту еден момент не се покајав...и како минуваат годините соништата се движат во нагорна линија, кон ѕвездите..јас останувам приземна и полека но сигурно ги ловам...бидејќи јарецот само така знае :)

Кое е вашето мислење за тетоважите, дали сме запознаени доволно со сите последици...дали се води сметка за хигиената и дали сме свесни колку ризикуваме при изборот на лицето на кое ќе му го посветиме нашето тело за да ни го "украси"?

До следниот пост, ви оставам линк од личноста која знае да си ја работи својата работа :) Koi Fish Studio, и од емисијата која покрива прекрасни теми кои верувам дека ќе ви го привлечат вниманието, Tunel Emisija.



Бакнежи,
Марија

No comments:

Post a Comment